Се работи за нешто друго. Се работи за жедта на современиот човек за забава. И за нејзините граници, кои секоја личност ги исцртува, креирајќи ја на тој начин границата на општественото вкусно и невкусно, етично и неетично. Или подобро речено, проширувајќи ја границата на дозволеното и недозволеното.
Кој е вистинскиот пациент во клипов? Дали е тоа постарата госпоѓа, лицето во бел мантил, или самиот снимател на овој клип? Јунг би рекол – и трите личности (а бидејќи снимателот на клипот е персонификација на публиката која очигледно гладува за повеќеслојна забава, значи и секој од нас, како публика има удел делењето на бивањето пациент). И би бил во право.
Во времето кое доаѓа, верувам дека многу нормално ќе биде и поставување на „забавни“ клипови од медицински процедури како ректоскопија, цитоскопија, аноскопија и слично, под тагот "smeski", "fun" и слично, по што ќе следат сочни коментари и цинички дофрлувања. Или, за да биде поинтересно, можеби за клип на 2015 ќе биде прогласен клипот кој прикажува умирање на некој анонимен селанец, и оплакувањето од неговите блиски.
Бог е љубов. И само во љубовта, и преку љубовта може да се открие, да се спознае. И од љубов. Деновиве најдов некои стихови, исповед, пред која можам само да молчам.
Се’ што сакам е онаа атмосфера со некој, или некаде, или во нешто, во која битието ќе може да расте и да се развива, едноставно да го намирисаш динамизмот. Не просто „да се оженам“, или „да се стекнам со позиција“ или „да појдам в манастир“, туку со некого и овде да го почувствувам Присуството посилно од било кога, тука и да останам.
Мислам дека знам како си се чувствувала.
Вечен и мирен нека ти се споменот, Ана Јефтиќ. Се надевам дека барем сега, во прегратките Авраамови, ја најде оваа атмосфера.
Ни многу голема, ни многу малечка. Впрочем, точката беше толку мала, што се губеше во морето на други точки, многу поголеми и многу помали од неа, но и толку голема, што на неа можеше да застанат уште неколку милијарди помали точкички. Токму тие точкички, кои можеа да застанат на оваа наша точка ја правеа да биде интересна и поинаква од нејзините другарки.
Имено, секоја од тие точкички беше единствена, неповторлива, убава. Секоја од нив имаше сродни и блиски точки, со кои можеше да се поврзе со отсечки, полуправи и прави. И секоја од тие точки мислеше дека таа е главната точка низ која поминуваа сите други линии и прави; дека е главната точка, центарот на сите кружници, дека низ неа поминуваат сите тангенти, дека е врв на сите пирамиди. Дека таа е центар на многудимензионалниот простор, за кој таа беше свесна за само неколку димензии. И навистина беше така: секоја од нив беше тоа, но истовремено, и не беше. И тие точки, кои беа сместени на нашата точка, а кои го мислеа тоа, низ праволиниското време, земаа учество во многу настани: во многу судири на точки, кога голем дел од нив беа избришани од рамнината. И не само во нив, туку и во настаните кога се создаваше нова точка, или кога некоја точка се радуваше, кога плачеше, кога воздивнуваше, кога љубеше и кога мразеше. И она што е најважно, секоја од овие точкички, кои се наоѓаа на нашата точка, забораваше дека всушност, после се’, таа е тоа: една точка.